После Холокаустот- пресметка на преживеани со добротвори
Владимир Перев
1.
Во педесетите години од минатиот век, проблемот со Холокаустот беше познат на сите и коректно апсолвиран, но без некакви посебни почести. Дали во прашање беше нашата, југословенска/македонска желба да се држиме настрана од процесите САД-СССР кои беа затегнати до крајни граници, или пак нешто друго, за тоа историјата и документите ќе го дадат својот суд. Да, насекаде се говореше за бугарскиот и грчкиот монархофашизам, се говореше и за еврејските депортации, сите го гледавме судењето на Ајхман на ТВ или на филмски журнали, но немаше некакви посебни обележувања. Нормално, сите бевме против нацизмот и Хитлер, за Сталин никој не смееше ниту да писне, го славевме и Георги Димитров, ама за цар Борис III не се говореше многу. Сеуште беа живи и присутни старите генерации кои имаа сентимент кон обележјата на Кобурзите со кои учествувале во двете Светски војни, па помладите си молчевме. Потоа, во новото демократско време, се воведе одбележувањето на денот на Холокаустот.
2.
Сите знаевме што се случило, тоа беше дел од семејните легенди. Точно не знаевме за колку луѓе станува збор, но знаевме дека над 12 000 евреи (од кои над 7000 се од територијата на денешна Северна Македонија), мажи, жени, деца и старци завршиле во Треблинка. Од семејните прикаски знаевме како бугарските полицајци се фалеле со украдениот еврејски накит-прстени, гердани и слично. Полиција, како и сите полиции од како постои век и свет, корумпирана, алчна, крадлива и полтронска. Бугарската имала сериозен проблем-полицајците и агентите низ чаршијата се жалеле дека германците строго го контролирале и организирале приведувањето на евреите, па така, секоја кражба на накит се казнувала со смрт на лице место. Некои бугарски полицајци и настрадале.
3.
Потоа последниве триесетина години како да се заборави обемот на трагедијата. Некако намерно, низ македонските медии, се заборавија 50-те илјади солунски евреи ликвидирани од германците, се заборавија стотиците илјади хрватски и српски евреи, ликвидирани од тамошните вазалски и колаборационистички режими на Третиот Рајх, се заборави изјавата на (сега веќе рехабилитираниот) Милан Недиќ дека Србија е првата земја Juden Frei, за целиот товар да се стави на бугарските плеќи, на онаа “фашистичка, окупаторска Бугарија“, заборавајќи ги клаборационистичките пронацистички “самостојни“ Србија, Хрватска и Грција. Така, македонистичката идеја за “вековната“ македонска нација, ја впрегна трагедијата на Холокаустот, како водечка сила во сопствената воденица на националните оспорени амбиции. Во македонските евреи, македонизмот го доби својот најверен сојузник. Неверојатно е како тоа, речи си ниту еден “етнички“ македонец не се пројави во борбата за зачувување и спасување на своите еврејски сограѓани, како ниту еден од оние славни илегалци и партизани не направи барем еден атентат на бугарски или германски висок офицер-функционер. Се разбира, само на Мане Мачков, ама тој не беше “нивни“, тој беше “наш“, од Штип. Да, во Скопје имаше неколку случаи на лично залагање за спас на блиски евреи, ама тоа е друга приказна..немало организиран отпор на погромот.
4.
Во Ќустендил-Бугарија, петмина мажи се организираат да се спротистават на семеќниот Александар Белев и германскиот офицер Денекер. Тоа се Димитар Пешев, Асен Суичмезов, Иван Момчилов, Петар Михалев и Владимир Куртев. Таа патриотска петорка се упатува до Софија и на прием кај цар Борис ги поставува своите барања за спас на еврејската заедница во Бугарија. Потоа следи верижна реакција на Бугарската црква, на делегати во Парламентот, ВМРО на Ванчо Михајлов и на целото општество. Депортацијата на евреите е запрена, за потоа целосно да биде отфрлена. Резултат е јасен и видлив, посочен од Излагање на Централната консисторија на Евреите во Бугарија до Париската мировна конференција: „Ние, бугарските Евреи, сакаме да укажеме на еден на прв поглед неверојатен факт – сите сме живи. И не само тоа. Пред германската окупација на Бугарија бевме 47.000 луѓе, а денес сме 49.815. Тоа се случи без прилив однадвор; напротив – за време на фашистичките противеврејски прогонувања повеќе од 3.000 лица емигрираа од Бугарија.“
5.
Така комплетно спасени, некои од бугарските евреи, високо образовани, веднаш се вклучуваат во новата комунистичка власт заземајќи високи позиции во полицијата, армијата, дипломатијата и како судии и обвинители. Тие и ја почнаат пресметката со своите спасители. Четворицата ќустендилци, без Владимир Куртев, се осудени на смртни и долгогодишни казни затвор, пуштени по десетина години и оставени сами, без приходи, со конфискуван целокупен имот. Умираат набрзо потоа, а Сучмезов ослепува како последица од затворскиот терор. Случајот со Владимир Куртев е трагичен, Тој е бугарин од Бесарабија, вклучен во ослободителното дело на ВМРО на Ванчо Михајлов и негов пунктов началник во Ќустендил. По војната, тој единствен верува дека може да се случи некаков сојуз меѓу ВМРО и комунистите на патриотска основа, но горко се прелажал. Уапсен е, за потоа да биде убиен и закопан на до денес непознато место. Таков е крајот на еден вистински патриот.
6.
Некои од спасените не сакаат да му долгуваат на спасителот, се трудат да го заборават, најдобро да го елиминираат. Одредени претставници на еврејската заедница во Бугарија, редовно во овие денови, говори за “бугарскиот фашизам“ и бугарската вина за депортацијата на македонските и тракиските евреи…се пишува за “недораскажаната вистина“ за бугарските “антисемитски гревови“. Тоа не го пишува било кој, туку потомци на спасените бугарски евреи, кои во новата власт биле на политички и дипломатски функции. Тоа е пројава на омраза кон бугарската држава, омраза перманентно во состојба на возобновување, секогаш нова, со обновување на стари излитени фрази и позиции. Никој не сака да каже, да објасни, што можела да направи бугарската држава на територија која не ја владеела (Македонија), каде немало избори ниту членови на бугарскиот парламент, ниту високи функционери.
7.
Ваквите приказни секогаш имаат трагичен крај. Трагедијата на еврејскиот народ, во случајот со Бугарија, ги понесе и своите спасители. Евреите од Северна Македонија со помош на некои од бугарските еврејски организации, успеаја да го тргнат спомениот на цар Борис од Јад Вашем. Владимир Куртев го доби називот “праведник на светот“, ама денес за него никој не знае и не му оддава почит. Болшевизирани евреи во РСМ и Бугарија намерно го забораваат неговото име. Дури и во просториите на ВМРО СМД во Софија нема негов портрет, како ни во просториите на Македонскиот научен институт…а тој се борел за опстојувањето на тие установи и нивниот дом на Пиротска 5.
Католичкиот бискуп Фрањо Чекада служи во Скопје за време на Втората светска војна. Учествува во спасувањето на евреи од Македонија. Еве што за него вели бугарската Википедија: “…На 18 август 1940 година Чекада е назначен за епископ на Скопската епархия. Още в първата си проповед Чекада говори за справедливост за всички хора, от каквато и националност и раса да са. На 11 март над 7000 евреи са събрани и затворени в складовете на тютюневата компания Монопол в Скопие, до железопътната линия. В същия ден Чекада изпраща протестно писмо до полицейския началник в Скопие Асен Богданов, като нарича действията срещу евреите „злощастно събитие“ и иска освобождаване на „евреите от католическата вяра“. Богданов не отговаря на писмото, но изпраща оплакване до германския консул в Скопие Артур Вите, който прикача оплакването към доклада си до Външно министерство за депортацията на евреите от Македония. Чекада укрива поне пет еврейски деца – четири момчета и едно момиче, първоначално в католическата църква в Скопие, а по-късно в католическите манастири во Летница и Јањево. Но затоа во хрватската Википедија има дополнение за неговиот живот по Втората светска војна: “…komunističke vlasti su ga dva puta protjerali iz Banja Luke. U vrijeme forsiranja svećeničkih udruženja od komunističkih vlasti, Čekada je bio proganjan i zlostavljan, te mu je bio zabranjen dolazak u Bosnu i Hercegovinu.“
Куриозен е случајот со еврејското девојче од Скопје Бетка, спасена од трговскиот ортак на нејзиниот татко, познат македонски трговец. По доаѓањето на новата власт, македонскиот трговец е уапсен по некаква неидентификувана “антидржавна линија’, осуден на затвор и со конфискуван имот, како неговиот имот, така и од ортакот еврејски трговец, таткото на Бетка. Тоа беше телевизиска сторија во РСМ, каде се говореше за неправедната приватизација на еврејските имоти од страна на еврејската организација во РСМ.
8.
Бугарската држава и бугарскиот народ, вклучително и македонските бугари не смеат да си позволат, странски структури да вметнуваат “колективна национална вина по однос на Холокаустот“, методологија која веќе е испробана низ европските пространства. Ако еден Вили Брант, германски канцелар и дезертер од германската армија за време на Втората светска војна, падна на колена пред споменикот на евреите во Варшава, тоа не значи дека целиот бугарски, српски, македонски или било кој народ да коленичи пред една историска вистина. Тој коленичеше за сите нас, би рекол некој современ европеец…нашата вина не е ниту простена ниту заборавена, но не смее да биде баластот на плеќите на нашето наследство. Да го сочуваме споменот и спомениците на жртвите на тој режим. Но ако не може јавно, барем во нашите души да ги носиме фотографиите на петмината ќустендилчани, на херојот и жртвата Владимир Куртев и споменот за вечното сочувство.
Да покажеме малу достоинство, ова не се ниту македонците, ниту бугарите ниту евреите или германците од средината на дваесетиот век, ова е ново време,
Ние треба да сме слободни, за новото бурно време кое доаѓа…

