| | |

Средното училиште „Св. св. Кирил и Методиј“ во село Крупник, општина Симитли во Бугарија прослави 110 години од своето отворање

Вчера (01.11.2023 г. датум коj се прославува како Ден на народните будители во Бугарија ) Средното училиште „Св. св. Кирил и Методиј “ во село Крупник, општина Симитли во Бугарија ја прослави 110-та годишнина од своето постоење, јавува simitli.info.

Прославата на СУ „Св. св Кирил и Методиј“ – Крупник започна со доделување награди на истакнатите учесници на училишните натпревари – за литературна творба, цртеж и дизајн.

На натпреварите учествуваа претставници од трите училишта во општина Симитли – „Св. Св. Кирил и Методиј“ – град Симитли, „Св. Св. Кирил и Методиј“ – с.Крупник, Обединето училиште „Паисиј Хилендарски“ – с.Долно Осеново. Жирито имаше тешка задача да оцени 61 дело во различни категории.

Празничниот ден продолжи со поворка од ученици, наставници и гости до читалиштето во село Крупник, каде се одржа спектакуларен концерт-перформанс посветен на родното училиште, родниот крај и на Бугарија.

Гости на годишнината на СУ – Крупник беа Стефан Апостолов – пратеник во бугарскиот парламент, Апостол Апостолов, градоначалник на општина Симитли, Иванка Чакалска, кметица на с. Крупник, кметови на населени места во општина Симитли, образовни експерти од РУО – Благоевград, претставници од општина Симитли, Георги Шошев и Димитар Марчев – претставници од КТ Подкрепа“, поранешни директори на училиштето како Василка Величкова и Марио Лазаров, отец Величко, поранешни наставници родители и пријатели на училиштето.

Во претставата посветена на 110 годинишнината на СУ „Св. св. Кирил и Методиј“учествуваа сегашни и поранешни воспитаници на училиштето, гости и пријатели.

Меѓу нив беа Малин Домозетски, Станислава Јорданова, Александра, Дијана и Љубомира Борисови, Христо Ковачки, Национално хајдушко движење и др.

За неверојатното украсување на прославата се погрижи Борислав Неделчев, поранешен воспитаник на училиштето, а за фотографирањето беше одговорен Васил Василев, професионален фотограф, кој исто така се образовал во истото училиште.

На крајот од приредбата директорот на училиштето г-дин Венцислав К’лбов на сите им посака желба за знаење и образование, здравје и долговечност.

Галерија од настанот можете да видите на следниот линк.

Слични Објави