Бугарија слави 139 години од обединувањето на кнежевството Бугарија и Источна Румелија
На 6 септември го Бугарија го слави Денот на Соединението. Годинава се навршуваат 139 години од Соединението на кнежевството Бугарија со Источна Румелија, пишува БГНЕС.
По Берлинскиот конгрес од 1878 година, Бугарија била поделена на Кнежество Бугарија и Источна Румелија (во рамките на Отоманската империја). Бугарското население, кое останало под османлиска власт, се обидело да се обедини со ослободените Бугари.
Во 1880 година бил формиран Бугарскиот таен централен револуционерен комитет (БТРЦК), кој ја презел задачата да го изврши обединувањето на Кнежевството со Источна Румелија. За да се координира работата со локалното население се формираат комитети „Соединение“.
На 6 септември 1885 година, четите на Чардафон Велики (Продан Тишков) и мајор Данаил Николаев влегле во Пловдив. Уапсен е регионалниот гувернер на Источна Румелија Гаврил Крстевич. Била формирана привремена влада на чело со д-р Георги Странски, која го објавила присоединувањето на Источна Румелија кон Кнежеството Бугарија. Два дена подоцна, принцот Александар Батенберг ја потврдил анексијата на областа со посебен манифест.
Денот е прогласен за официјален празник на Бугарија со одлука на Народното собрание од 18 февруари 1998 година.