|

Одбележуваме 119 години од херојската смрт на војводата на ВМОРО Атанас Димитров-Бабата

На 25-ти јуни 1905 г. близу кратовското село Куклица, после 11 часовна нерамноправна борба со турскиот аскер загинува војводата на ВМОРО – АТАНАС ИВАНОВ ДИМИТРОВ – БАБАТА.

Рoден е 1875 г. во с. Синитово, Пазарџик. Рано останал сирак и станва шивач, прво работи како калфа во Пазарџик, а покасно – во Софија. Во Софија влегува во Офицерското училиште и во 1897 г. станва член на Врховниот Македоно-одрински комитет. Атанас Бабата заедно со Марко Лерински, Христо Чернопеев и Михаил Апостолов Попето, е меѓу првите воени инструктори, испратени во Македонија лично од самиот Гоце Делчев. Во 1897 г. А. Бабата пристапува во врховистичка чета и заедно со четите на Гоце Делчев ги обиколуват Драмско и Серско. Во 1901 г. А. Бабата е помошник војвода во тиквешката чета на Петар Јуруков, а покасно истата година станва самостоен војвода. Учествува во аферата „Мис Стоун“ заедно со Христо Чернопеев, Јане Сандански, Сава Михајлов, Крсто Асенов и Андон Ќосето. За време на Илинденското востание четата на А. Бабата дејствува во Кратовско, каде што води неколку тешки борби со многуилјадна турска војска.

По востанието во Кратовско основниот проблем пред А. Бабата е засилената српска пропаганда. По предавство од србомани на 11-ти јули 1904 г. четите на Атанас Бабата, Славејко Арсов и Стојан Донски се обкружени кај светиниколското село Горно Ѓуѓанци. По шест часовни борби, при што Турците употребуват артилерија и кавалерија, четите успеват да го пробијат кордонот и да се извлечат, но животот го губат 20 четници и војводата Донски, а ранетиот војвода С. Арсов се самоубива. Покасно казнети се шпионите од с. Кокошине со смрт. Во 1904 г. кратовската чета на А. Бабата ја разбива во Шопско Рудари србската чета на Јован Довезенски. На конгресот на Скопскиот револуционерен реон во 1905 г. над село Кнежево, Бабата е избран за член на окружното раководство на Скопски реон заедно со Даме Груев, Ефрем Чучков, Крсто Българијата и Мише Развигоров.

Во последната битка кај Куклица, по завршувањето на муницијата, четниците, 21 на број, ги кршат пушките, ја уништуват архивата и се самоубиват. Последен ја запалува својата бомба војводата.

Фото: Бугарски национален сојуз



Слични Објави