СУДЕЊЕ „МОНСТРУМ“: ОТПЕЧАТОЦИТЕ НА АЛИЛ ДЕМИРИ ПРОНАЈДЕНИ НА ДВА АВТОМОБИЛИ

Судењето за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година продолжува на 19 ноември, откако на денешното рочиште беа сослушани три вешти лица од МВР, кои вршеле анализи и испитувања на неколку предметни возила.

За случајот „Монструм” во претходна постапка, предмет на анализа биле возилата „опел омега”, „голф 3″, „фолксваген пасат”, „пежо 306″ и „мазда 626″.

Вештакот, кој работел на анализа на идентитетот на возилата преку европскиот систем за регистрација на возила, објасни дека идентификациониот број на возилата содржи 17 броја, преку кои тоа возило се разликува од сите други возила од ист тип и марка.

– Возилото” опел омега” е со оригинален идентификациски број, меѓутоа при проверка во системот е утврдено дека регистарските ознаки се оригинал, но не се од ова патничко возило, односно припаѓаат на “мерцедес тип123”. Од извршените проверки во база на регистрирани моторни возила во Македонија за пмв “опел омега” е констатирано дека ова возило никогаш не било регистрирано во Македонија, изјави вештото лице.

Во однос на останатите возила “пежо 306”, “фолксваген пасат”, “мазда 626” и “фолксваген голф”, вештакот кажа, дека сите биле со оригинален идентитет и регистарски таблички. (целиот напис прочитајте го на 24info.mk)