Герџиков: Република Северна Македонија мора да ги исполни своите обврски од Договорот за соседство и соработка

/

Кандидатот за претседател на претстојните избори во Република Бугарија, професорот Атанас Греџиков во емисијата „Лице в лице“ на бугарската телевизија БТВ ги коментираше односите меѓу Бугарија и Северна Македонија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Герџиков порачал оти сакаат интеграција на сите земји на Западен Балкан, вклучително и Република Северна Македонија во Европската Унија.

Според професорот тие мора да ги исполнат обврските од Договорот за соседство и соработка.

– Додека овие обврски не бидат прифатени, Бугарија не треба да подлегне на каков било притисок, изјави тој.



Според Герџиков, во последните 24 часа за првпат имало позитивни сигнали и тој изрази надеж дека тие нема да бидат уште едно ветување без покривање.

Извор: zoom.mk

Претходна статија

Недостатоците со фингер принт гласањето ќе ги проверува ДИК

Следна статија

ВМРО-ДПМНЕ: Цените на основните продукти пораснаа за 20%, а Заев лаже дека сè е во ред

Најново од Вести