Градоначалникот на Бутел си ја вработил снаата во Општина-се пишала Албанка

/

Актуелниот градоначалник на Бутел и кандидат за уште еден мандат Велимир Смилевски, вработил снаа, жената на свој прв братучед, на место отворено за Албанец, референт за ликвидатура на финансиско сметководствено и благајничко работење. За Смилевски нема ништо чудно во тоа што неговата снаа Сузана Димишкова е вработена на тоа место, бидејќи таа се чувствува како Албанка. Новинарот Фуркан Салиу разговарал со Смилевски:

ФС: Што сте со Сузана Диимишкова?
ВС: Роднини.
ФС: Местото за референт за ликвидатура на финансиско сметководствено и благајничко работење е отворено за Албанец. Пријавена е како Албанка. Дали е Албанка?
ВС: Кој како се чувствува јас не знам…
ФС: Она е жена на ваш братучет. Он по националност што е?
ВС: Изгледа Албанец, вели Смилевски.



Претходна статија

Членови на МАНУ: „Македонија да ги прекине преговорите со Бугарија“

Следна статија

Недостатоците со фингер принт гласањето ќе ги проверува ДИК

Најново од Вести