| |

МИЈАЛКОВ: БОШКОСКИ НЕ БЕШЕ АПСЕН ЗАРАДИ МОЈ АНИМОЗИТЕТ КОН НЕГО ТУКУ ВРЗ БАЗА НА ДОКАЗИ

„Во случајот со апсењето на Бошкоски постоеле докази врз основа на кои надлежниот судија дал налог за апсење за кривично дело за кои јавноста имаше можност да го види од видеоматеријалите на кои се гледа како Бошкоски по третпат зема незаконито 100 илјади евра во кеш кои ги фрла за да се ослободи од нив. Се дава во бегство по што овластените службени лица од Бирото за јавна безбедност видовме како го уапсија согласно со стандардите и обуките што ги имаат поминато“, рече Мијалков по што додаде дека ниту еден доказ во постапката досега не укажал на тоа дека станува збор за анимозитет како причина за апсењето на Бошкоски, јавува Макфакс, а пренесува Точка  . Во предметот на СЈО „Тортура“ поранешниот директор на УБК заедно со уште 6 припадници на единицата „Алфа“ е обвинет за извршена тортура при апсењето на Љубе Бошкоски.

Слични Објави