ПОЧНА СРЕДБАТА КАЈ ЏАФЕРИ ЗА ПОТВРДА НА ИЗБОРИТЕ НА 12 АПРИЛ
Координаторите на пратеничките групи се на состанок кај претседателот на Собранието. Талат Џафери ги повика за да се потврди желбата на сите партии за одржување на изборите на 12 април.
Џафери синоќа во 22 часот ја почна седницата на која треба да се расправа за предлог законите за Јавно обвинителство и за Советот на јавни обвинители и по кратко време ја прекина и ја презакажа за денеска во 11 часот.

