СПАСОВСКИ: ПРВО ДА СЕ ДОНЕСАТ ПОТРЕБНИТЕ ЗАКОНИ, ПА ПОСЛЕ ДА СЕ ОДИ НА ИЗБОРИ

„Примарно за сите политички партии треба да биде донесувањето на законите, а не одењето на изборите. Било каков политички интерес не може да биде приоритет“, изјави денеска техничкиот премиер Оливер Спасовски.

Во однос на најновите случувања на релација СДСМ-ДУИ, Спасовски изјави:

„Релациите со ДУИ се коректни, како што ја почнавме коалицијата со нив така и ќе ја завршиме, не очекувам да има дополнително неразбирливо одложување на носењето на законските решенија, ако дојде до тоа да се опструираат законите тогаш ќе му ја мислиме за нов коалициски партнер.

Спасовски оцени дека кога доаѓаат избори секогаш има тензии, кои, како што рече, се само собирање политички поени.