ВЕТИНГОТ ЌЕ „ПРОЧЕШЛА“ 10.000 ВРАБОТЕНИ ВО МВР
Над десет илјади вработени во Министерството за внатрешни работи ќе бидат подложени на процесот на ветинг или проверка со цел да се професионализира работата на полицијата и таа целосно да биде вклучена во служба на граѓаните, јавува Актуелно.
Процесот е најавуван подолго време, а лани министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека ветинг ќе се прави на сите во МВР – од чистачка до министер.
Процесот се уште не е почнат, моментно се прави терен за негово спроведување. Се ќе почне откако ќе биде донесен Закон за ветинг.
Според плановите на работната група предлог-законот треба да биде доставен до април, но овие проекции се правени пред одлуката која ја донесоа лидерите на политичките партии на средбата кај претседателот Стево Пендаровски – на 12 април да се оди на предремени парламентарни избори.

