ГРЧКИ СВЕШТЕНИЦИ ЌЕ ОДАТ НА СУД ЗАТОА ШТО ДАВАЛЕ ПРИЧЕСТ
Грчката влада побара од Обвинителството да поведе обвинение против двајца свештеници што служеле за причестување и покрај забраната со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.
Станува збор за свештеници што давале причест во присуство на верници во храмови во Атина и на Крф.
Синодот на Грчката православна црква пред неколку дена донесе одлука дека Велигден нема да се слави во недела, туку ноќта на 26-27 мај поради коронавирусот.
