СИТЕ КАВАДАРЧАНИ ШТО БИЛЕ ВО КОНТАКТ СО ПОЧИНАТИОТ ОД КОВИД-19 АЛБАНЕЦ, СЕ СО НЕГАТИВНИ ТЕСТОВИ

/

„Сите кавадарчани кои биле во контакт со починатиот албански државјанин се тестирани и нивните тестови се негативни на корона вирус“ – информира директорот на ЈЗУ Кавадарци, д-р Диме Коцев, пренесува Фокус.

Станува за лица вработени во Брза помош, Јавно Обвинителство, ОВР Кавадарци, како и други лица кои биле во контакт со 44-годишниот маж, кај кого посмртно беше докажан вирусот.

„За сите оние кои биле во контакт со починатиот, а чии резултати се негативни, останува препораката за 14-дневна самоизолација.
Исклучително е важно да ги почитуваме мерките за заштита. Знаеме дека не е лесно, но секој ден сме се поблиску до нашата заедничка цел, спречување на Ковид – 19“ , вели Коцев.





Претходна статија

АНГЕЛОВСКА: МЕРКАТА 14.500 ДЕНАРИ ПО ВРАБОТЕН МОЖЕ ДА ЈА КОРИСАТ И ЗАНАЕТЧИИ, ФРИЗЕРИ, КОЗМЕТИЧАРИ…

Следна статија

ГРЧКИ СВЕШТЕНИЦИ ЌЕ ОДАТ НА СУД ЗАТОА ШТО ДАВАЛЕ ПРИЧЕСТ

Најново од Вести