Маја Санду: „Денес е моментот да ја спасиме Молдавија, утре може да биде предоцна“
Молдавската претседателка Маја Санду по гласањето на клучните парламентарни избори испрати порака до граѓаните:
„Денес е моментот, во кој треба да ја докажеме љубовта кон нашата земја. Нека сите излеземе да гласуваме – утре може да е предоцна.“
Таа истакна дека гласала за парламент „со кој можеме да го одржиме мирот и да изградиме европска Молдавија, која ги почитува своите граѓани“, јавува БГНЕС.
Во однос на мешањето на Русија, Санду изјави:
„Сите знаеме дека Руската федерација беше силно ангажирана во изборите… потрошени беа стотици милиони евра за купување гласови, обука на млади за насилни и дестабилизирачки акции, производство и ширење лажна содржина – сè за да се заземе власта во Кишињев.“
Таа ги повика молдавците на храброст и единство:
„Не се плашете, излезете да гласате, тоа е нашето суверено право. Само луѓе што веруваат во Република Молдавија и во европските вредности можат да формираат проевропско мнозинство. Денес мора да ја заштитиме нашата земја.“
