Осветување на храмот „Свети Константин и Елена“-присутни голем број верници
Фото-Либертас
Со ѕвонење на камбаната, утрово во 8:30 часот почна церемонијата на осветување на храмот „Свети Константин и Елена“ во центарот на Скопје, пренесува Либертас.
Осветувањето го изврши архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан, во сослужение со бројни архијереи од МПЦ-ОА.
Изградбата на храмот почна во 2012 година и траеше 13 години. Работите беа интензивирани во 2024 година со што се комплетираа внатрешното уредување, надворешноста и околниот простор.
