|

НОВИТЕ ПАКЕТИ КОРОНА МЕРКИ НА РАСПРАВА ВО ВЛАДА И ВО СОБРАНИЕ

Владата за денеска на пладне закажа седница на која треба да расправа за воведување на новопредложените мерки од комисијата за заразнби болести за справување со Ковид-19. Во овој пакет мерки се: Сите економски оператори да работат до 23 часот, капацитетот во јавниот превоз да се ограничи на 50 отсто, да се забранат јавни настани и да се даде препорака до целата државна и јавна администрација, до општините и судовите, да ја организираат работата во смени или онлајн од дома, или, пак, редуцирано со систем на ротации.

Овој пакет вчера го најави министерот за здравство Венко Филипче и предупреди дека ситуацијата со ковид-19 во Северна Македонија е сериозна и дека ако не се почитуваат мерките, следниот чекор е воведување полициски час.

За 24 часа 796 пријави за неносење заштитна маска за лице
Филипче: Сериозно е, следниот чекор е полициски час
Собранието, пак, ќе расправа за претходните рестриктивни мерки кои веќе се усвоени на владина седница. Во овој пакет се три мерки: Задолжително носење маски на отворено, ограничување на групирањето по 22 часот надвор на максимум четири лица и ограничување на семејните собири, односно едно семејство да смее да прими најмногу четири гости. За да стапат на сила овие мерки треба да се направат измени во Законот за заштита на населението од заразни болести.

Слични Објави