ТАЛЕВ: „ЧОВЕК НЕ МОЖЕ И НЕ ТРЕБА ДА ЖИВЕЕ САМО ЗА СЕБЕ СИ“

По повод 54-та годишнина од смртта на големиот бугарски поет роден во Прилеп, Димитар Талев, одбравме неколку негови цитати со цел да ви ја покажеме мудроста на овој генијален творец, останал во историјата на литературата како еден од најдобрите раскажувачи за битот и културата на луѓето од Македонија.

loading...

„Човекот е навикнат да ги бара причините и за доброто и за лошото надвор од себе си. А тие се внатре во нас.“

„Слаба и сиромашна е човековата реч , таа никогаш не може целосно да раскаже што се случува во човековото срце.“

Кој еднаш пробал духовна храна и ја осетил нејзината сладост, тој засекогаш останува жеден за неа и ја бара.

„Само со женска сила може да се победи машката сила и упорност, таа е како водата за огнот.“

„Човек не може и не треба да живее само за себе си.“

Димитар Талев Петров-Палисламов е роден на 1 септември 1898 година во Прилеп, во ковачко семејство. Негов брат е револуционерот Ѓорѓи Талев.

На девет години останал сирак без татко. Поради Балканските војни и Првата светска војна неколку пати го прекинувал своето образование. Учел со прекини во Прилеп, Солун, Скопје, Стара Загора и Битола, каде ја завршил Гимназијата во 1920 година.

Во периодот од 1920-1921 година учел медицина и филозофија во Загреб и Виена, за потоа да се префрли во Софија, каде што во 1925 година завршил словенска филологија на Софискиот факултет.

Во 1927 година работел како коректор во весникот „Македонија“, печатено издание на ВМРО. Во 1929 година станал уредник, а во периодот од 1930-1931 година бил главен уредник. По убиството на директорот на весникот „Македонија“ во 1933 година, застанал на директорската функција, се до превратот во 1934 година, кога било распуштено ВМРО и нејзините весници.


loading...

Во периодот од 1938-1944 година ја водел литературната секција во весникот „Зора“. Во 1944 година, по доаѓањето на комунистите на власт во Бугарија, тој бил затворен под обвинение дека ширел великобугарски шовинизам и бил исклучен од сојузот на Бугарските писатели.

Бил задржан во Софискиот централен затвор до март 1945 година, кога бил испратен во работниот логор Бабов дол (До Август 1945). Повторно бил уапсен во 1947 година и бил испратен на принудна работа во рудникот „Куцијан“ (До февруари 1948).

Во 1948 година, заедно со семејството бил интерниран во гратчето Луковит, каде што во услови на општествена изолација го завршил романот „Железниот светилник“, а ги напишал „Преспанските камбани“ и „Илинден“.

Кон крајот на 50-те Талев бил рехабилитиран.

Умрел во на 20 октомври 1966 година во Софија.

Во чест на Димитар Талев именуван е глечер (Talev Glacier) на полуостровот „Грахамовата земја“ на Антарктик.

Романи:
„Железниот светилник“, 1952;
„Илинден“, 1953;
„Преспанските камбани“, 1954;
„Самоил“, 1958;
„Хилендарскиот монах“, 1962;
„Гласовите ви ги слушам“, 1966.