Положбата на Бугарките во Македонија и Одринска Тракија во минатото- инспирација за дискусија организирана од бугарскиот културен институт во Виена
Во Бугарскиот културен институт „Дом Витгенштајн“ во Виена се одржа дискусија за еманципацијата на жената во Бугарија. Дискусиjaта беше на тема „Еманципација во услови на неслобода“, објави Институтот на својот Фејсбук профил.
Идејата за дискусијата се родила од книгата на Елена Александрова „Женските активности на бугарската заедница во Македонија и Одринска Тракија“ објавена во Бугарија .
Модератор на настанот беше уметничката Мина Антова.
Таа раскажа за животот на образованата Бугарка Царевна Миладинова, ќерката на Димитар Миладинов, за женските училишта што таа ги основала и за Солунската женска гимназија.
Антова ја водеше публиката во насока од социо-антрополошки карактер за женското образование во Македонија и Одринска Тракија кое останало во Отоманската империја по Берлинскиот конгрес во јули 1878 година.

