КАПЕТАНОТ НА КРУЗЕРОТ ПОСЛЕДЕН ГО НАПУШТИ БРОДОТ

//

Речиси еден месец откако на крузерот на американската туристичка компанија „Дајмонд Принцес“, изби епидемија на коронавирусот, капетанот Џенаро Арма го напушти бродот. Тој беше последен што се симна од крузерот.

Во еден момент бродот беше најголемо жариште на епидемијата надвор од Кина, потоа и Јужна Кореја, Италија и Иран. Откако беше детектирана заразата на бродот, тој беше усидрен во јапонскиот град Јокохама и ставен во карантин.

Најмалку 705 од 3711 патници и членови на екипаж беа заразени, а шестмина починаа. Карантинот требаше да трае две недели, а на крајот за дел од патниците и членовите на екипажот беше продолжен до 1 март, кога последните патнции и членови на екипаж го напуштија бродот.



Извор: Макфакс

Претходна статија

МОНШАЛАН: ФРАНЦИЈА ЌЕ ГИ ИСПОЧИТУВА ПРЕПОРАКИТЕ НА ЕК ВО ОДНОС НА МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА

Следна статија

МАКЕДОНИЈА ЈА ОТВОРА ЛИГА НАЦИИ ДОМА СО ЕРМЕНИЈА И ТОА ВО – ПЛАДНЕВЕН ТЕРМИН!

Најново од Вести