Мигрант заврши зад решетки поради напад и разбојништво врз други мигранти

/

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против лице на возраст од 21 година, државјанин на Пакистан поради разбојништво.

Осомничениот на 18 јули, околу пладне, во атарот на селото Лојане, општина Липково, во состав на група со уште девет непознати лица, пресретнале мигранти кои се движеле пеш, по што упатувајќи закани кон нив почнале со метални шипки да ги удираат по главите и телата.



„Од секој од оштетените одзеле пари во износ од 600 до 800 евра, а од дел од нив и златен накит кој оштетените го носеле со себе. Осомничениот заедно со други засега непознати лица од групата, ги задржале оштетените заканувајќи им се по живот, се до моментот кога биле откриени од страна на полициските службеници по што непознатите лица од групата се разбегале во непознат правец, а осомничениот бил фатен од полициските службеници“, соопшти Обвинителството.

Претходна статија

СДСМ: ВМРО се противеше на зголемувањата на платите, а денес лаже дека ќе враќала пари кај граѓаните

Следна статија

Гужви на границите – на Богородица и Табановце се чека по еден час

Најново од Вести