СДСМ: ВМРО се противеше на зголемувањата на платите, а денес лаже дека ќе враќала пари кај граѓаните

//

Соопштение на СДСМ

„ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се противеа на зголемувањата на плати и пензии, на проектот Мој ДДВ, а денеска лажат дека ќе враќале пари кај граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ е партија која знае само да граба од граѓаните, да ги краде парите и да ги троши на непродуктивни и криминални проекти.

Оваа партија предводена од Христијан Мицкоски која денеска лаже дека ќе враќа пари кај граѓани, се противеше на секоја мерка што обезбедува повеќе пари во семејствата.



ВМРО-ДПМНЕ се противеше на зголемување на минималната плата која денеска е за над 6.000 денари повисока, се противеше на зголемувањето на пензиите кои во просек се зголемени за 2.000 денари за овие четири години.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ беа против воведување на евтина дневна тарифа на струјата која токму тие ја укинаа, беа против проектот Мој ДДВ со кој за две години се вратија 36 милиони евра кај 400.000 граѓани. Целиот напис можете да го видите овде.

Извор: Темите

Претходна статија

ЕУ предлага нова агенција за справување со проблемите со перењето пари

Следна статија

Мигрант заврши зад решетки поради напад и разбојништво врз други мигранти

Најново од Вести