Членови на МАНУ: „Македонија да ги прекине преговорите со Бугарија“

/

Преговорите со Бугарија треба веднаш да се прекинат бидејќи нејзините барања кон Македонија се спротивни на меѓународните конвенции. Ова го вели академик Катица Ќулафкова, според која, по неодамнешните барања на бугарската страна, земјава нема гаранции дека ќе започне преговори со ЕУ.

Ќулафкова додаде дека македонските политичари ги поддржуваат тезите што не се во интерес на Македонија, туку на нејзините соседи и на други држави. На 30-годишнината од основањето, претседателот на МАНУ, Љупчо Коцарев, изјави дека е неопходно да се разбуди колективната свест и да се заштити нацијата.

Претседателот на МАНУ, незадоволен од случувањата, дури предложи на Министерството за образование да му се одземат надлежностите за подготовка на стратегии за развој на образованието и науката и тоа да го преземат МАНУ, универзитетите и стопанските комори.



Извор: zoom.mk

Претходна статија

Стоев до Брегу: Бугарија ја поддржува европската интеграција на Западен Балкан

Следна статија

Градоначалникот на Бутел си ја вработил снаата во Општина-се пишала Албанка

Најново од Вести