|

Турција набргу ќе го одобри влезот на Финска во НАТО

Турција планира да го одобри влезот на Финска во НАТО во наредните денови. Анкара планира да го повлече потегот пред парламентарните и претседателските избори на 14 мај, изјавија двајца турски претставници за „Ројтерс“.

Финскиот претседател Саули Ниинисто в петок ќе ја посети Турција за да разговара за ова прашање со претседателот Таип Ердоган.

„На средбите во Истанбул ќе се разговара за билатералните односи, како и за барањето на Финска за членство во НАТО“, соопштија од кабинетот на турскиот претседател.

Шведска и Финска аплицираа за приклучување кон трансатлантскиот воен сојуз минатата година откога руските сили ја нападнаа Украина. Сите 30 земји од НАТО мора да ги ратификуваат барањата, а Унгарија и Турција сè уште не го сториле тоа.



Слични Објави