| |

Генералниот конзулат на Бугарија во Битола организира изложба на современа уметност од Пловдив

Генералниот конзулат на Република Бугарија во градот Битола, Република Северна Македонија и Фондацијата „Уметноста низ вековите“ од Пловдив ќе претстават изложба на современа уметност со наслов „Првите 7 – современи визуелни форми на Балканот“, соопштија од општината.

Изложбата ќе биде отворена во Генералниот конзулат на Република Бугарија на 25 март во 18:30 часот и ќе може да се види до 8 април 2023 година.

На претстојната изложба ќе бидат претставени седум автори чие творештво и е добро познато на јавноста – Јордан Кисјов, Минчо Панајотов, Анастасија Андреева, Владимир Паскалев, Георги Георгиев, Веско Велев и Пламен Велчев.

Сите седум автори учествуваа во првото издание на „Биенале за современа уметност – Пловдив“, што се одржа во Домот на културата „Борис Христов“ во 2022 година, а тројца од нив освоија награди.

„Синтезата меѓу различните медиуми, форми и материјали во современата уметност ги надминува традиционалните граници на перцепција и многу често оди подалеку од мислата и имагинацијата. Како се развива современата уметност на меѓународната уметничка сцена и во каков културен контекст се менува, можеме да разбереме само преку размена на идеи, искуство и интегрирана глобална интеракција“, коментира кураторот на изложбата, Марија Аргирова.

Проектот „Првите 7 – современи визуелни форми на Балканот“ се реализира со финансиска поддршка на општина Пловдив во рамките на Компонента 2 „Мобилност“ како дел од културниот календар на градот за 2023 година, соопштија од локалната самоуправа.



Слични Објави