(ГАЛЕРИЈА)ВО ЦРКВАТА СВ. ДИМИТРИЈА ВО СКОПЈЕ СЕ ОДРЖА ПАНИХИДА ВО ЧЕСТ НА МАРА БУНЕВА

Неколку стотици луѓе од Македонија и Бугарија, денеска се собраа во центарот на главниот град на Р. Македонија- Скопје, за да оддадат почит пред ликот и делото на големата револуционерка Мара Бунева.

Во црквата св. Димитрија беше отслужена панихида во чест на големата тетовчанка, која пред 92 години ја изврши смртната пресуда врз српскиот полициски началник Велимир Прелиќ, одговорен за мачењата на студентите припадници на на ММТРО, судени во познатиот Скопски студентски процес од крајот на 1927 година. 

По панихидата мноштвото луѓе се собра на кејот на реката Вардар каде што се наоѓа и меморијалната плоча на хероината.

Пригодни говори на самото место одржаа Атанас Стојанов, градоначалник на градот Сандански, Р. Бугарија, доцент д-р. Милен Михов, заменик претседател на ВМРО-БНД и пратеник во Собранието на Република Бугарија и Николај Тошев внук на големиот револуционер Пере Тошев.

Во своите излагања говорниците беа децидни дека подвигот на Мара Бунева треба да биде пример за луѓето од двете страни на границата и подвлекоа дека Македонија и Бугарија треба да одат заедно по патот на развојот и европската иднина.