Концерт на Украинската младинска филхармонија во Варна
Во Фестивалниот и конгресен центар во бугарскиот град Варна, денеска од 19 часот ќе се одржи концерт на Украинската младинска филхармонија. Настанот е дел од програмата на Меѓународниот музички фестивал „Варненско лето“ 2025. Специјални учесници на концертот се „Паганини ансамбл“ од Виена.
Оркестарот ќе го предводи неговата основачка, диригентката Оксана Линив. Таа е првата жена која била поканета да диригира претстава на прочуениот Вагнеров оперски фестивал во Бајројт, Германија. Линив е и добитничка на третата награда од престижниот натпревар за оркестарски диригенти „Густав Малер“.
Под нејзиното водство младите музичари ќе ја изведат Четвртата симфонија на Брамс, нова и интригувачка верзија на Паганини за квартет и оркестар со солистите од „Паганини ансамбл“ Виена, како и премиерни композиции.
Настанот се реализира со поддршка на Австрискиот културен форум во Софија.
