ДЗС: Во јули намален бројот на работници во индустријата
Во јули 2025 година бројот на работниците во индустријата бележи пад во однос на истиот месец лани, покажуваат официјалните податоци на Државниот завод за статистика.
Во секторот Рударство и вадење на камен бројот на работници е намален за 2,4 проценти, во Преработувачката индустрија за 4,0 проценти, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,5 проценти.
Анализирано според главните индустриски групи, намалување е забележано кај сектор Енергија за 1,9 проценти, Капитални производи за 8,8 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,8 проценти. Зголемување, пак, има кај Трајни производи за широка потрошувачка за 9,6 проценти и кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0,3 проценти.
Гледано во периодот јануари – јули 2025 година, во однос на истиот период од 2024 година, бројот на работниците во индустријата се намалил за 4,0 проценти.
