|

Проф. Евелина Келбечева: За нас ништо добро не дојде од Исток

„Не престанувам да се чудам како сè уште може да има некаков сомнеж кога апсолутно сите документи – јавни и достапни за секој човек, опишуваат толку јасно дека сме окупирани. Дури и нотата со која Советскиот Сојуз и објавува војна на Бугарија го опишува тоа. Три години бевме окупирани – од септември 1944 до декември 1947 година. Издршката што и ја плаќаме на Црвената армија е над 133 милијарди лева. Т. е. речиси 3/4 од националниот приход на Бугарија оди за поддршка и исхрана на окупаторската армија“.

Ова за БНР го изјави историчарката проф. Евелина Келбечева, универзитетски професор и сценарист на документарниот филм „Второто ослободување“.

Според нејзините зборови, постои „огромен јаз“ помеѓу она што е познато како историски точна слика за минатото и одбивањето на општеството да ги види фактите:

„Тоа продолжува да го труе бугарското општество. Пропагандата што го направи целиот тој фалсификат со „ослободителите“ продолжува и до денес, таа не траеше само 45 години… Има луѓе кои агресивно го негираат и не го признаваат она што веќе е неспорна вистина за бугарско-советските и бугарско-руските односи“.

Според проф. Келбечева, судирите пред Споменикот на Советската армија се само еден „врв на сантата мраз, што е целосно искривување на бугарската историја во однос на улогата на Руската империја и СССР во нашата историја“.

„Нема ништо добро што дошло од исток за нас!“, категорична беше таа.

Проф. Евелина Келбечева нагласи дека Георги Раковски, Васил Левски, Захари Стојанов и Стефан Стамболов ја одвоиле Бугарија од тоа да биде Задунајска губернија, „како што Русите се однесуваат со нас“.

“Двете тоталитарни чудовишта – Германија на Хитлер и СССР на Сталин – кои потоа се судрија, првин си ја поделија Полска. Тоа се двете сили кои ја започнаа Втората светска војна. Не сум видела бугарски учебник кој го споменува овој факт, кој стана повод за дебата на европско ниво. Целата искривена и фалсификувана историја во моментов е најмоќното оружје на пропутинската пропаганда“.



Слични Објави