(Видео) Млада украинска пејачка порача: Слава на Украина, слава на хероите и смрт за непријателите
Слава Україні! Героям Слава!
Ние сме слободен народ
Силни луѓе
Моќна нација
Слава на Украина
Слава на хероите
Смрт за непријателите.
Ова ни го порачува младата украинска пејачка Љусја Кава во нејзината песна „Народна“.
Борбата на украинскиот народ против рускиот диктатор Владимир Путин, ни покажува дека ниту една голема сила, не е поголема од сонот на човекот да живее слободно и гордо! Тоа пред речиси 130 години, ни го покажаа и основачите на Организацијата, а пред нив, тоа го направиле и луѓето што ги инспирирале: Васил Левски, Христо Ботев, Хаџи Димитар и др.
Денеска секој еден бугарски патриот треба да застане во одбрана на Украина и украинскиот народ, затоа што борбата за сопствената земја е должност и треба да биде почитувана.
Трибуна стои цврсто на линијата за поддршка на Украина и нејзините храбри синови и ќерки и порачува: Слава Україні! Героям Слава!
Полковник Борис Дрангов, кој бил русофил, но не ја ставал Русија пред Бугарија и неговата поробена мајка Македонија, ќе каже дека нема ништо страшно во смртта бидејќи е слатко да се умира за Бугарија.
Украинците на фронтот што го отвори Путин, секојдневно умираат за Украина! Тие се херои! Слава на хероите!
