(ВИДЕО) ТОРНАДО ГО ПОГОДИ НЕШВИЛ, ЗАГИНАА НАЈМАЛКУ ДВЕ ЛИЦА

//

Најмалку две лица загинаа и се урнаа околу објекти во торнадото што го погоди Нешвил во американската сојузна држава Тенеси.

Две лица загинаа во источен Нешвил, соопшти полицијата, додека пожарникарите велат дека се урнале околу 40 згради.

Повеќе лица се повредени, а оштетени се и домови, објави „Ројтерс“.

„Гасот протекува во домовите, далноводите се уништени, а службите за итни случаи се на терен и им помагаат на повредените“, рече портпаролот на полицијата.

Аеродромот кој се наоѓа во близина на Нешвил, исто така, претрпе значителна штета како резултат на невремето и оштетени се неколку хангари.

На Твитер се појавија фотографии по торнадото, а некои граѓани тврдат дека немаат електрична енергија.



Извор: Макфакс



Претходна статија

ВАРОШЛИЈА РАСКАЖА ЗА ДЕНОТ КОГА БОКИ 13 БЕШЕ УАПСЕН, А КАЖА И ДЕКА КИЧЕЕЦ МУ БИЛ ЧЕСТ ГОСТИН НА ЈОВАНОВСКИ

Следна статија

(ВИДЕО) СЕ ГРАДИ МОСТ ШТО ЌЕ ГИ ПОВРЗЕ АЕРОДРОМ, ГАЗИ БАБА И ЦЕНТАР

Најново од Вести