Желјазков: Обезбедени се сите мерки за заштита на бугарскиот воздушен простор
Бугарските вооружени сили ги презеле сите неопходни мерки за заштита на воздушниот простор, изјави бугарскиот премиер Росен Желјазков, коментирајќи го случајот со навлегувањето на дрон во романскиот воздушен простор.
Има преземени мерки за заштита на нашиот воздушен простор, особено во североисточниот дел на земјата, што е дел од засилувањето на југоисточниот фронт на НАТО. Многу внимателно ја следиме ситуацијата, бидејќи мора да ја гарантираме безбедноста на цивилното воздухопловство. И мислам дека и Руската Федерација ќе пристапи внимателно и ќе избегне можности за инциденти над Црното Море, каде што воздушниот сообраќај е исклучително интензивен“, изјави премиерот.
Инцидентот доаѓа откако романското Министерство за одбрана соопшти дека два авиони Ф-16 биле кренати во воздух поради нарушување на воздушниот простор на Романија од дрон, за време на руски напад врз украинска инфраструктура во близина на границата.
Министерот за одбрана, Јонут Мостјану, информираше дека пилотите на авионите биле на чекор до тоа да го соборат дронот, кој летал многу ниско, пред да го напушти романскиот воздушен простор и да се врати кон Украина.
