| |

Захариева: Моите колеги во Скопје треба да знаат едно нешто- кој и да е на власт во Бугарија, додека продолжуваат со антибугарската реторика, РСМ нема да напредува по патот кон ЕУ

„Не, нема да се заобиколи бришењето на регистрацијата на бугарскиот културен клуб „Иван Михаилов“ во Битола. Ниту пак таа тема е соодветно да се користи во предизборната кампања кај нас“, напиша поранешната министерка за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева, во однос на бришењето на КЦ „Иван Михајлов“ од Централниот регистар на Северна Македонија.

„Кога бев на свеченото отворање, десетици луѓе ме запреа на битолските улици за да се пожалат на односот на властите кон македонските граѓани со бугарски идентитет. Ги навредуваат, ги отпуштаат од работа, дури и им се закануваат со самоубиство.
Тие подоцна се обиделе да го запалат клубот. Потоа Обвинителството го обвини претседател на клубот Љупчо Ѓоргиевски за расизам и ксенофобија.
Клубот во Охрид беше гаѓан со камења, дури беше пукано врз него. Го претепаа неговиот секретар Христијан Пендиков.
И сега ги гледаме резултатите од скандалозниот Закон за здруженија и фондации, изгласан од Собранието на Република Северна Македонија со една единствена цел – да се справи со македонските граѓани со бугарска самосвест“, пишува на социјалната мрежа Facebook Захариева.

Таа ги предупреди нејзините колеги во Скопје дека, кој и да дојде на власт во Бугарија, додека продолжуваат со својата антибугарска реторика, нема да напредуваат во патот кон ЕУ.


„Едно треба да знаат колегите политичари во Скопје – без разлика кој е на власт во Бугарија, се додека ја продолжуваат својата антибугарска реторика, нема да одат напред во својата евроинтеграција, бидејќи грубо ги газат вредностите врз кои е создадена Европската унија. Премиерот Ковачевски изјави дека патот на неговата земја кон ЕУ не оди преку Софија, туку преку Брисел. Освен што заборави е да сподели еден важен детал со своите сонародници – Брисел, тоа е Софија“, децидна е Захариева.



Слични Објави