|

Бришењето на КЦ „Иван Михајлов“ потсетува на репресиите врз Бугарите за време комунистичкиот режим*

Пишува: Елисавета Белобрадова, поранешна заменик претседателка на Комисијата за политики во однос на Бугарите во странство во бугарскиот парламент.

Денеска, властите во Република Северна Македонија ја избришаа регистрацијата на културниот клуб „Иван Михаилов“, основан од македонските Бугари во Битола пред 4 години. Со овој гест, во пракса се имплементираше законот, создаден не многу одамна, итно и по наредба „одозгора“, со кој се ограничуваат правата на здружување и слободно изразување на мислењето на македонските Бугари, со ретроактивно дејство.

Ова ме потсетува на репресиите од мрачните години на комунистичкиот режим, кога локалните Бугари кои не се согласуваа со насилно наметнатата доктрина на македонизмот на Коминтерната, биле означувани и прогонувани токму како „ванчомихаjловисти“.

Покрај тоа што е правно неодржлив, овој чин ги прекршува основните принципи на Европската унија за правата на слободно изразување и слободно здружување содржани во Европската конвенција за човекови права. Република Северна Македонија се обврза истите целосно да ги спроведе, без оглед на неподготвеноста на властите и емоциите на дел од тамошното општество.

Истиот ден беше објавен крај на случајот против пироманот на клубот – како одговор на очекувањето дека ќе биде казнет со целосната строгост на законот за да се спречат слични напади во иднина, по договор со локалното обвинителство, истиот доби смешно лесна казна. Ова е скопското сфаќање за гаранцијата на правата и заштитата од дискриминација, на позадината на обвинувањата за расизам и ксенофобични дела против претседателот на клубот, Љупчо Ѓоргиевски, кој неодамна беше сослушан во обвинителството.

Нема истраги и ефикасна правда за другите злосторства извршени врз бугарските клубови, а не се уапсени ни извршителите. Да не забораваме дека беше нападнат дури и официјалниот Културно-информативен центар на Република Бугарија во Скопје, на чие отворање имав чест да присуствувам. За него се уште нема осомничени, но го имаме „видовитото“ мислење на Обвинителството дека делото било од „битов карактер“.

Како смешен контраст на забраната за клубот, во штипскиот музеј гордо стои восочната фигура на Иван Михаилов – нема санкции против неа. Опозицијата во лицето на Мицкоски, исто така, не се вклопува во општиот прохибитивен патос, бидејќи не се разграничува од Иван Михаилов, напротив – одржува некаков имагинарен континуитет со неговата организација.

Како што многупати ми кажаа луѓето од клубот – и на неформалниот состанок по отворањето на клубот, и на нашите работни состаноци во Парламентот, и за време на мојата последна посета кај нив минатото лето – тие тргнаа по тешкиот пат да се борат со целата државна машина која гради политики во целосна спротивност со принципите, на кои е основана Европската унија како заедница на толеранција и разбирање.

*Насловот е на редакциjaта на порталот Трибуна

Слични Објави