ДАЛИ ОПРОСТУВАЊЕТО НА ДОЛГОВИТЕ ЗА СТРУЈА ЌЕ ГИ ОПФАТИ МИЈАЛКОВ И „НЕЗАВИСНИТЕ“ ШТО ГЛАСАА ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ?

Истакнато Краток спој Позиција

Избори се ближат…

Пред избори Богот Гру делеше субвенции, а Заев ќе опростува долгови за струја.

Во Македонија не се исплати да бидеш нормален и чесен човек, во Македонија криминалците и тие што не си ги плаќаат сметките се најголемите добитници од лотаријата…

Самохраните родители, родителите на болни деца и деца со посебни потреби, лицата со посебни потреби можат слободно да си ги сликнат последните платени сметки за струја… тешко дека ќе ги опфати новата „реформска“ мерка на Заев и неговата тајфа.

Поздрав до будалите што редовно си ги плаќаат сметките. Поздрав до сите кои не добија амнестија, бидејќи нивниот глас не е пратенички. Поздрав до сите кои му се израдуваа на Грујојавлението на Сител. Поздрав до сите кои уште не и даваат да умре на надежта дека ќе има правда и мир …

Работиш по 12-14 часа на ден… Те поздравија Заев и Груевски!!! Нема да грееш г’з на фотеља од телешка кожа во Мепсо… јебига не сум шваљерка на Кирац.

И така до неповрат можам да редам…

Чудно ви е што Груевски у фаци ни се смееше, кога и збореше на Цаци за неговото „заминување“? Немојте да се чудите, туку запрашајте се дали опростувањето на долговите за струја ќе ги опфати Мијалков и пратениците кои тој ги „убеди“ да гласаат за уставните измени.

Без разлика на одговорот што ќе ви дојде во глава, подгответе се за гласање… оти избори се ближат.

Автор: Батко Тане