ГДУ БАРА РАСЧИСТУВАЊЕ НА СЛУЧАЈОТ СО НОВИТЕ БОМБИ ШТО СЕ ПОЈАВИЈА НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

//

„Никој не е незаменлив, но некои тоа никако да го сфатат. Кога се во прашање оставки или „метлата“ очигледна е нервозата и чувствителноста кај ДУИ, особено по протекувањето на нови нелегално прислушувани разговори на социјалните мрежи за функционери токму од оваа партија.

Но уште поочигледно е дека на Заев потешко ќе му оди со „метењето“ во Владата, отколку во партијата, со оглед на тоа што министрите од ДУИ јасно порачаа дека за нив одлучува лидерот Ахмети, а не премиерот.

Ова ќе биде тест за премиерот, дали ќе се ослободи од неспособните, или лидерот ќе ги заштити „белите мечки“.

Но она што се наметнува како дилема е зошто новите „бомби“ се појавија пред владината реконструкција? Дали целта е за да се намали влијанието на ДУИ во коалицијата?



Дополнително загрижува ширењето на нови прислушувани разговори преку интернет. Заев убедуваше дека сите материјали се во рацете на Јанева и нејзиниот тим. СЈО сега не убедува дека новите „бомби“ не се од кај нив, а МВР и Основното јавно обвинителство никако да истражат до крај како овие разговори излегуваат во јавност.

ГДУ бара надлежните да одговорат од кога се овие прислушувани разговори и како стигнале во рацете на објавувачите. Колку вакви материјали има како што се шпекулира на црниот пазар во земјава и надвор од границите на државата?“, се вели во соопштението на Граѓанско Демократска Унија.



Претходна статија

ДУШАН БРАНКОВИЌ- ЧОВЕКОТ ШТО ПОВЕЌЕ ОД 60 МЕСЕЦИ ПРОТЕСТИРА ПРОТИВ СУДСКИТЕ НЕБУЛОЗИ ВО НАШАТА ЗЕМЈА

Следна статија

МАРЈАН МИХОВ: ШТИП ИМА ЕДНА ТАЖНА ПРИКАЗНА- КЕЖОВИЦА!

Најново од Вести