| | |

(Галерија) Познатите бугарски пејачки Деси Добрева и Деси Христова со интерактивно предавање за мјузиклот на отворањето на новата учебна година на бугарското неделно училиште „Здравеј“ во Скопје

Познатите бугарски музички уметнички Деси Добрева и Деси Христова го посетија КИЦ во Скопје по повод отворањето на новата учебна година на бугарското неделно училиште „Здравеј“ (12 септември 2024 г.) и одржаа интерактивно предавање на тема „Мјузиклот и присуството на фолклорот во него“.

Покрај подготвените видео и аудио примери, двете пејачки во предавањето вклучија и свои настапи во живо. Присутните деца учествуваа на следната практична работилница со играчки елемент за процесот на креирање на детски мјузикл. Така, со помош на нивните украсни цртежи, неколку додатоци за потребните ликови и избрани народни песни, децата накратко ја рекреираа надалеку популарната бајка на браќата Грим „Црвенкапа“.

По работилницата, сите учениците, нивните родители и организаторите се фатија на оро, со што го затворија празничниот настан.

Фото: БКИЦ; Атанас Величков



Слични Објави