Проф. д-р Георги В’лчев е нов ректор на Софискиот универзитет „Климент Охридски“
Проф. д-р Георги В’лчев од Филозофскиот факултет на Софискиот универзитет „Свети Климент Охридки“ е нов ректор на високообразовната установа. За проф. д-р В’лчев гласаа 198 од делегатите на Генералното собрание, а за академик Николај Витанов од Факултетот по физика гласаа 152 делегати, јавува БНР.
Георги В’лчев во 1988 година дипломирал на софискиот универзитет „Свети Климент Охридски“, магистер е по историја, со втора насока „Филозофија“. Во 1998 година добива образовна научна степен „доктор“ на Софискиот универзитет, во Центарот за културни студии.
Од декември 2015 година е заменик-ректор на Софискиот универзитет за образовни дејности – докторанти и континуирана едукација.
Бил заменик-декан на Филозофскиот факултет за академска дејност (2011-2015). Раководител е на Катедрата за „Историја и теорија на културата“ (2011-2019). Научен секретар е на Катедрата за „Историја и теорија на културата“ (2003-2011). Раководител е на магистерската програма „Управување и социјализација на културното наследство“. Член е на Факултетскиот совет на Филозофскиот факултет од 2011 година и на Академскиот совет на Универзитетот во Софија од 2019 година.
Генералното собрание на софискиот универзитет утринава ја започна седницата, а во текот на денот се избираа колективни тела за управување и контрола на Алма Матер, но и поединечни.
Генералното собрание ќе продолжи утре.

