Д-Р ЕНСЕР ЈУСУФОСКИ: КАКО СПЕЦИЈАЛИСТ Д-Р ВЕНКО ФИЛИПЧЕ Е ВРВЕН ДОКТОР, НО КАКО МИНИСТЕР ИМАМ ГОЛЕМ БРОЈ ЗАБЕЛЕШКИ

Потпретседателот на Граѓанско демократска унија-ГДУ, д-р Енсер Јусуфоски во емисијата „Анализи и коментари“ на ТВ Стар изјави дека сегашниот министер за здравство Венко Филипче е врвен доктор, но не се справува добро во улогата на министер. Д-р Јусуфоски изјави дека ГДУ му стои на располагање со идеи и предлози за да се подобри ситуацијата во македонското здравство. 

Д-р Јусуфоски изјави дека Министерството за здравство не треба да се фали кога се купуваат апарати кои се потребни за работата на докторите, бидејќи тоа е нешто сосема нормално. Тој подвлече дека парите за здравство треба да се трошат паметно за потребни работи како апаратура, а не да се фрлат на ветрот за разноразни анкети и како што вели докторот „празни муабети“.