ЗАЕВ: ИМА БУГАРИ ВО МАКЕДОНИЈА, АКО ИМА НЕШТО НЕЗАКОНСКО ВО ПАСОШИТЕ БУГАРИЈА ЌЕ ГО ОТКРИЕ ТОА

Премиерот Заев за време на  Конгресот на ПЕС во Лисабон, изјави дека е јасен факт големиот број Македонци што поседуваат бугарски пасоши. Тој додаде дека во Македонија има Бугари и тоа не е никаков проблем.

Според Заев, Бугарија треба да открие ако има нешто незаконско во бугарските пасоши добиени од македонски државјани. Тој истакна дека Бугарија нема побарано помош од македонските власти во истрагата за наводната продажба на бугарски пасоши.