ВМРО-ДПМНЕ: ЗАЕВ И СДСМ ЈА УНИШТИЈА ЕКОНОМИЈАТА
Криминална власт на СДСМ и аболираниот Зоран Заев системски ја уништија македонската економија.
Аболираниот Заев за себе и картелот кој што го води го проектираше најголемиот буџет во историјата на Република Македонија. Тоа значи масовно ограбување на граѓаните преку повисоки даноци и казни за да се
Поради лошите економски услови, дури 77% од младите сакаат да се иселат од Република Македонија, покажуваат најновите истражувања.
Додека земјите во регионот и Европа доживуваат ренесанса на своите економии Македонија оди во чекор со Афричките држави.
Ветуваа раст на економијата од 5%. Граѓаните ниту раст, ниту економија видоа. Тоне државата по сите параметри.
СДСМ нема ни кредибилитет ни капацитет да ја води економијата, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

