|

Полициски службеници спасиле маж од водите на Вардар

Денеска во 12.45 часот по добиена пријава во СВР Скопје дека на вливот на реката Лепенец во реката Вардар има машко лице во водата, веднаш се преземени мерки и активности и лицето е извадено (спасено) од водата од страна на полициски службеници од ПСОН Карпош.

Подоцна, како што соопшти полицијата било утврдено дека станува збор за 64-годишен маж од Скопје, кој претходно самиот се фрлил во реката, а инаку бил пациент на болницата во Бардовци.

Од страна на Итната медицинска помош тој е пренесен во ГОБ „8-ми септември“.

Извор: Temite

Слични Објави