УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ ЌЕ СЕ ГЛАСААТ НА 15 ЈАНУАРИ

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, рече дека денеска завршуваат јавните дискусии за уставните амандамни и дека очекува Владата да ги достави до Собранието, за потоа на 17 декември да ја свика Комисијата за уставни прашања, каде што ќе може пратениците да предложат амандмани на амандманите.

Целиот процес, според Џафери, би требало да заврши до средината на јануари, а како најверојатен датум кога ќе ја закаже пленарната седница го посочи 9 јануари, односно 15 јануари, кога треба да се случи гласањето за уставните измени. Ваквата изјава Џафери ја даде по средбата со претседателот на Собранието на Република Албанија, Грамоз Ручи, кој престојува во официјална посета на Македонија.

Во последната фаза за гласање на уставните измени е потребно двотретинско мнозонство.