Уметност и култура – како пат кон доверливи односи
Истече рокот што го објави Здружението „Голем брат, голема сестра – Бугарија“ во Пловдив за регрутирање ментори кои ќе им помагаат на децата и младите со проблеми преку градење на доверливи односи. 20 волонтери на возраст од 16 до 30 години изразија подготвеност да се приклучат на програмата, која ќе започне во март, а ќе заврши во декември.
Здружението „Голем брат, голема сестра – Бугарија“ повеќе од дваесет години го промовира волонтерството кај младите. Ги нарекуваат ментори затоа што поминуваат низ обука и се подготвени да ја дадат својата енергија и пријателство на децата со проблеми, вели извршната директорка на здружението, Лена Карналова. Овој пат комуникацијата ќе се одвива преку културата и уметноста.
„Што значи дека повторно ќе имаме деца во програмата, повторно ќе имаме ментори, но оваа комуникација и ова дружење ќе се случи преку посета на културни настани, галерии, перформанси и ликовни работилници. Всушност, целата врска помеѓу детето и неговиот постар пријател или ментор ќе биде поврзана со искуствата од ваков тип на настани.
Проектот опфаќа деца од прво до четврто одделение. Изборот на кандидатите во оваа возрасна група сè уште не е завршено. Здружението известува дека нивната програма довела до над 400 пријателства меѓу ментори и деца со посебни потреби.
Фото: БНР

