(Видео) Мајката на Спире Стоименов- Манта Стоименова: ,,Кога мајка ќе заплаче, сите треба да ја слушнат, оти ние не плачеме само за изгубените деца, туку и за сите кои останаа без дел од срцето.”
,,Кога мајка ќе заплаче, сите треба да ја слушнат, оти ние не плачеме само за изгубените деца, туку и за сите кои останаа без дел од срцето.”, изјави Манта Стоименова, мајка на Спире Стоименов, загинат во дискотеката Пулс, во своето денешно обраќање на 28-от Марш на Ангелите, што се одржа во Кочани, пренесува Канал 77.
Со почеток од 15 часот и 5 минути во Кочани се одржа 28. протестен „Марш за ангелите“ за поддршка на семејствата на починатите во пожарот во „Пулс“, за правда за 63-те жртви од кочанската трагедија. Маршот започна од „Паркот на револуцијата“, преку трговскиот центар до зградата на Управата за јавни приходи и кочанската полиција.
Поворката го блокираше од двете страни кружниот тек кај двојниот мост. Потоа учесниците на маршот се упатија пред зградата на Основниот суд и Обвинителството во Кочани и назад кон „Паркот на револуцијата“. Првото рочиште за трагедијата во Кочани е закажано за 19-ти ноември.

