(Видео) Какo бугарскиот дух живее и инспирира во Синсинати – со Иван Динев и Диди Партриџ
Бугарскиот медиум во Чикаго, Chicago.bg нѐ сретнува со Иван Динев Иванов и Диди Партриџ, активисти на Aсоцијацијата на Бугарите во Синсинати и Бугарското неделно училиште „Родољубие“.
Бугарското неделно училиште ,,Родољубие” во својата современа варијанта постои повеќе од една деценија, формирано е од група родољубиви Бугари на чело со Диди Партриџ како саботно неделното училиште, во кое што се предава на бугарски јазик. Ова бугарско училиште е многу добро етаблирано во општата слика за зачувувањето на бугарската култура и традиции.
,Учениците учествуваат во одбележувањето на традиционалните бугарски празници како Баба Марта, Велигден, 24 Мај, Божиќ. Учениците учествуваат активно со рецитирање песни, стихови, организираат претстави, за да ги продолжат традициите оставени од нивните родители и предци кои дошле во САД.
Училиштето ,,Родољубие ” е продолжител на традициите на македоно-бугарското училиште што било создадено во 30-тите години на минатиот век и било активно до 50-тите. Тоа училиште е создадено и се грижело за најстарата генерација која доаѓа во реонот на Синсинати Охајо после крајот на првата светска војна.
Во македоно-бугарската црква ,,Св. Дух” изградена од истите луѓе се наоѓало и самото неделно училиште. Според документите во истото училиште учеле и родителите и чичковците на браќата членови на МПО Грег и Дејвид Чачов. За тоа сведочи една стара фотографија од 24-ти мај 1935 година во која се вели дека браќата Кирил и Методиј потекнуваат од географската област Македонија. Во тој период МПО се бори за правата на населението што останало во границите на Грција и Кралска Југославија. Нивната борба во САД и низ светот е во духот на меѓу воениот период и идеите на Вудроу Вилсон кој ги промовира идеите за заштита на правата и слободата на малцинствата.

Современото училиште ,,Родољубие” е создадено во 2010 година од родители кои имале деца на од прилика иста 6-7 годишна возраст. Тие го направиле тоа токму со таа цел да ги зачуваат јазикот и бугарската култура кај нивните деца. Ова за порталот Трибуна го изјави Надја Танова, директорка на саботно-неделното училиште ,,Родољубие” во Синсинати.

По создавањето на Асоцијацијата на Бугарите во Синсинати, училиштето минува под закрила на самата Организација и на Министерството за образование и наука на Република Бугарија кои имаат специјална програма за мајчин јазик и култура зад границата. Училиштето се помага финансиски со мали суми од Министерството за образование и наука на Република Бугарија.
Во денешно време училиштето се проширува и има деца не само од Синсинати, туку и деца од реонот на Колумбус, други делови на Охајо, државата Кентаки и други држави во САД. Училиштето одржува и онлајн часови, бидејќи и покрај големиот број на бугарски неделни училишта, некои од родителите немаат можност физички да ги испратат децата во истите.

