ПЛАТИТЕ ВО БУГАРИЈА РАСТАТ- РЕКОРДЕР Е СОФИЈА

Платите во Софија, главниот град на Бугарија, пораснале во просек од 100 евра за една година. Според податоците на бугарскиот Национален статистички институт во Софија просечната плата за месец септември изнесувала 1711 лева (околу 850 евра), додека во истиот месец минатата година просечната плата изнесувала 1513 лева (околу 750 евра). Тоа е раст од 13,1%.

Бугарскиот дневен весник „Труд“ пишува дека платите во Софија не само што се највисоки на државно ниво, туку тие и најбрзо растат во споредба со останатите региони на земјата.

Од податоците на НСИ станува јасно дека, ако од статистиката се извадат податоците за Софија, просечната плата во Бугарија изнесува малце над 500 евра.

Во просек платите во Бугарија се покачени за околу 65 евра за една година, додава во својот материјал весникот „Труд“.