САМОСТОЈНА ИЗЛОЖБА НА СЛИКИ НА АКАДЕМСКИОТ ЛИКОВЕН УМЕТНИК ЗОРАН АРСОВСКИ – БАБАТА ВО ЌУСТЕНДИЛ

По успешното претставување на изложбата „Тектонски нарушувања”, која брои вкупно 64 слики на академскиот ликовен уметник Зоран Арсовски – Бабата во бугарската престолнина Софија, поради големиот интерес и желба овој најнов опус на дела да биде виден и во помалите градови во внатрешноста на Бугарија изложбата ќе биде отворена во градот Ќустендил на 17 јануари во 17:00 часот во Изложбениот салон на Општинскиот театар Ќустендил Република Бугарија.

Пошироката публика ќе има можност да ги види делата на академскиот современ визуелен уметник Арсовски до 20 февруари 2020 година.

Зоран Арсовски – Бабата роден е во 1980 во Куманово Р Македонија. Дипломирал 2005 и магистрирал во 2007 на Националната ликовна академија во Софија, насока Сликарство во класата на професорите Станислав Памукчиев и Божидар Бојаџиев. Член е на друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ).

Самостојни изложби:
– НУ Центар за култура ,,Трајко Прокопиев“ Куманово, Р Македонија
– НУ Центар за култура ,,Антон Панов“ Струмица, Р Македонија
– НУ Центар за култура ,,Марко Цепенков“ Прилеп, Р Македонија
– НУ Центар за култура ,,Григор Прличев“ Охрид, Р Македонија
– Хотел и казино „Аполонија“ Гевгелија, Р Македонија
– Национална ликовна академија во Софија, Р Бугарија ,,Арт студио 5” Ревијална дипломска изложба
– Национална ликовна академија во Софија, Р Бугарија „Арт студио 5” Ревијална магистерска изложба
– НУ Галерија Белградска тврдина на Калемегдан во Белград, Р Србија
– Културно-информативен центар на Македонија во Софија, Р Бугарија (КИЦ)
– НУ Центар за култура ,,Вељко Дугошевиќ – Галерија за современи уметности“ во Кучево, Р Србија
– НУ Дом на култура Књажевац – Уметничка галерија во Књажевац Р.Србија
– Oпштински театар Ќустендил -Изложбен салон на театарот во Ќустендил, Р Бугарија

Има учествувано на повеќе групни меѓународни ликовни колонии, изложби, проекти, симпозиуми во земјава и странство.
Работи во Национална установа центар за култура „Трајко Прокопиев”- Куманово, стручен соработник за визуелни уметности, архитектура и дизајн. Работно искуство во сферата на штафелајско сликарство во познатите и негови нови сликарски техники, изработува фреско живописи, икони, сценографии и дизајн.

Извор: Макфакс