ТАРАВАРИ: ЌЕ БИДЕМЕ ДЕЛ ОД КОАЛИЦИЈАТА ШТО ЌЕ ЈА ПОБЕДИ ДУИ!

Арбен Таравари, генерален секретар на Алијанса за Албанците
Ќе БИДЕМЕ ДЕЛ ОД КОАЛИЦИЈА ШТО ЌЕ ЈА ПОБЕДИ ДУИ

Не можам со сигурност да го прогнозирам развојот на случувањата на изборите во македонскиот блок, но јасно е дека ќе имаме неизвесна политичка битка, вели генералниот секретар на Алијансата за Албанците Арбен Таравари, во изјава објавена во последниот број на неделникот Фокус.

– Што се однесува до албанскиот политички блок, се надевам на долгоочекуваното ослободување од ДУИ. Па, како можеме да зборуваме за напредок и промени кон добро кога 18 години живееме во еднопартиски систем, во кој корупцијата, пресметките, калкулантството и реваншизмот биле главните „адути“ на располагање? – прашува Таравари.

Целиот напис прочитајте го овде.