| |

Аромата на бугарската роза Дамасцена во срцето на Даблин

Настан во чест на бугарската маслодајна роза ќе се одржи на 19 септември во Ирска, информира БТА. Организатор е Амбасадата на Бугарија во Даблин.

„Имаме задоволство да Ве поканиме на едно уникатно патување од звук и арома, кое ќе се одржи во срцето на Даблин по повод „Ноќта на културата“, објави на својата официјална Фејсбук страница бугарската амбасада.

Во програмата се вклучени фотоизложба, креативна работилница и концерт со бугарски народни песни и ора. „Во ова мултисензорно доживување ќе се спојат бугарски гласови, музика, танц и есенцијата на розата Дамасцена. Звукот влијае не само врз мозочните бранови, туку и врз срцевиот ритам, дишењето и севкупната благосостојба – физичка, емоционална и духовна“, соопштуваат од дипломатската мисија.

Настанот е дел од „Европската културна патека“ – иницијатива на Европската асоцијација на националните културни институти во Ирска во соработка со Делегацијата на Европската комисија во земјата.

Слични Објави