|

Меџити: Денеска ќе бидат објавени резултатите за квалитетот на воздухот

Министерот за животна средина и вицепремиер, Изет Меџити, информира дека повеќе акредитирани лаборатории вршат мерења на воздухот и ќе продолжат и во наредните денови.

„Денеска ќе се знаат резултатите и јавноста ќе биде известена детално и транспарентно,“ изјави Меџити.

На терен биле поставени 24-часовни инструменти, а контроли спровеле Државниот инспекторат за животна средина, „Еуромак контрол“, МЖСПП и специјализираната единица на Армијата. Во тек е и петдневно мерење од „Амбикон“ од Штип.

Паралелно се врши инспекциски надзор кај компанијата „Ф Групација“. „Објектот не е куќа, туку индустриски хали со важечка лиценца,“ нагласи министерот.

Слични Објави